Со инвестиција од околу три милиони евра Пивара Скопје, за прв пат во Македонија, а и во регионот, отвори нова прочистителна постројка за вода. Уникатноста на станицата за биотретман на води е во начинот на нејзиното функционирање, како и во крајните ефекти од нејзината работа. Во неа ќе се врши третман на водата од производствениот процес на исклучиво биолошки начин, што е високотехнолошка иновација која за првпат се употребува во домашната индустрија. Станицата придонесува кон унапредување на екосистемот, но истовремено овозможува и ефективна заштеда на вода и енергија. Задоволен сум што се одлучивме во вакво време полно со економски предизвици со сопствени средства да го реализираме овој проект. Со оваа инвестиција на дело ја демонстрираме нашата општествено-одговорна определба - континуирано инвестирање во сопствениот развој, еднакво водејќи сметка и за долгорочниот и одржлив развој на пошироката заедница на која и припаѓаме.
Со инвестиција од околу три милиони евра Пивара Скопје, за прв пат во Македонија, а и во регионот, отвори нова прочистителна постројка за вода. Уникатноста на станицата за биотретман на води е во начинот на нејзиното функционирање, како и во крајните ефекти од нејзината работа.
Во неа ќе се врши третман на водата од производствениот процес на исклучиво биолошки начин, што е високотехнолошка иновација која за првпат се употребува во домашната индустрија. Станицата придонесува кон унапредување на екосистемот, но истовремено овозможува и ефективна заштеда на вода и енергија.
- Задоволен сум што се одлучивме во вакво време полно со економски предизвици со сопствени средства да го реализираме овој проект. Со оваа инвестиција на дело ја демонстрираме нашата општествено-одговорна определба - континуирано инвестирање во сопствениот развој, еднакво водејќи сметка и за долгорочниот и одржлив развој на пошироката заедница на која и припаѓаме - рече генералниот директор на Пивара Скопје, Константинос Спанудис.
Современата технологија што се користи во постројката овозможува водата од производствениот процес да се прочисти до степен да може повторно да се користи како техничка вода, а гасовите кои ќе се ослободуваат за време на третманот да бидат искористени за производство на енергија.
- Токму водата и енергијата се прашања кои се повеќе се наметнуваат како глобални теми од животно значење. Следејќи ги тие светски трендови, јасно е дека и земјите поединечно треба да бидат особено заинтересирани за заштита и рационално користење на овие ресурси. Со овој проект Пивара Скопје а.д. практично покажува како размислувајќи глобално, делува локално - изјави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, им посочи на сите компании во регионот да земат пример од Пивара и да се охрабрат и тие да инвестираат во нови екосистеми, со што воедно се општествено-одговорни компании.
- Со реализацијата на овој иновативен проект Пивара Скопје уште еднаш е пример за тоа како е да се биде општествено-одговорна компанија која покрај тоа што се грижи и вложува во својот развој, истовремено инвестира во општото добро, целосно водејќи сметка за интересите на пошироката заедница - рече Трајановски.